Албанија го презема управувањето со Претседателството на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи на Албанија, Гент Цакај, се наоѓа во Братислава каде се одвива втората средба на министрите на надворешните работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). На овој состанок денеска се придружи и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Денеска Албанија ќе го преземе управувањето со Организацијата. Веста ја соопшти министерот Цакај, преку социјалните мрежи.

– Денеска во Братислава, Албанија и официјално го презема Претседателсвото со ОБСЕ. После силно лобирање и капитално работење и подготовка од албанската дипломатија, една работа подржана и од важни европски чинители, како на политичко поле и на програмско, Албанија денеска е подготвена да управува со едно силно и ефективно претседателство- напиша Цакај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот