Албанија: Двајца бивши пратеници се судрија со полицијата

Двајца бивши пратеници од опозициската партија на Албанија, Кљевис Балиу и Ендрит Браималари, се судрија со полицијата во одбрана на еден граѓанин од Тирана, Агим Пропоши, кој се обидуваше да го пробие полицискиот кордон.

Балканвеб објави видео снимка каде јасно се гледа како полицијата го фаќа за врат бившиот пратеник на Демократсаката партија на Албанија, Кљевис Балиу.

Имено се работи за рушење на една стара населба во Тирана и градење на нов булевар, каде што е планирано да има 38 куќи од кои до сега се срушени 10.

Според Балканвеб, сепак на крај граѓаните и бившите пратеници не успеале да го пробијат полицискиот кордон, а полицијата, за разлика од минатите протести, нема употребено солзавец врз граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот