Албанија, Црна Гора, Грција, Хрватска? Споредете ги цените пред да решите каде ќе летувате

Сезоната на годишни одмори започна, а поголем дел од граѓаните веќе имаат договорено туристички аранжмани и планираат каде ќе летуваат. Освен цените на аранжманите, секако нè интересираат и други погодности, услуги, чистотата на плажите и на местото на престој, културните и историските знаменитости…

Македонците најмногу летуваат во Грција, помалку во Црна Гора, Бугарија и Хрватска, а последниве години и Албанија станува сè попривлечна.

Во продолжение можете да ги видите просечните цени на сместувањата и на основните продукти.

АЛБАНИЈА

Албанија е туристичка дестинација со ниски цени на сместување, храна и пијалаци. Најпознати дестинации се Драч, Валона, Саранда и Ксамил.

Валута лек. Курс – 1 евро – 122 леки

ХОТЕЛИ – 20-50 евра (соба за еден ден за едно лице)

АПАРТМАНИ – 5-20 евра (1 ноќ, зависно од бројот на лица и бројот на соби)

РУЧЕК ВО РЕСТОРАНИТЕ ЗА ДВЕ ЛИЦА – 5-10 евра

КАФЕ НА ПЛАЖА – 0,60 евра

ВОДА 1,5 л – 0,40 евра

ЛЕБ – 0,50 евра

ТОПКА СЛАДОЛЕД – 0,50 евра

ЦРНА ГОРА

Црна Гора се одликува со убави плажи, ниски цени на сместување, евтина храна и пијалаци. Најпознати летувалишта се Будва, Улцињ, Херцег Нови, Тиват, Игало, Сутоморе…

Валута евро

ХОТЕЛИ – 25-150 евра (соба за еден ден за едно лице)

АПАРТМАНИ – 20-200 евра (1 ноќ, зависно од бројот на лица и бројот на соби)

РУЧЕК ВО РЕСТОРАНИТЕ ЗА ДВЕ ЛИЦА – 7-50 евра

КАФЕ НА ПЛАЖА – 1 – 2 евра

ВОДА 1,5 л – 0,50 евра

ЛЕБ – 0,45 евра

КОКА КОЛА – 2 евра

ПИВО – 1,40 евра

ТОПКА СЛАДОЛЕД – 0,50 евро

ХРВАТСКА

Хрватска последниве години поради високите цени станува помалку атрактивна за нашите граѓани. Омилени дестинации: Макарска, Ровињ, Дубровник, островите Хвар, Брач, Корчула…

Валута куна. 1 евро – 7,40 куни

ХОТЕЛИ – 35-150 евра (соба за еден ден за едно лице)

АПАРТМАНИ – 32-100 евра (1 ноќ, зависно од бројот на лица и бројот на соби)

РУЧЕК ВО РЕСТОРАНИТЕ ЗА ДВЕ ЛИЦА – 40-150 евра

КАФЕ НА ПЛАЖА – 2,5-5 евра

ВОДА 1,5 л – 1 евро

ЛЕБ – 0,70 евра

КОКА КОЛА – 2 евра

ПИВО – 2,50 евра

ТОПКА СЛАДОЛЕД – 1,5 евро

ГРЦИЈА

Цените во Грција не се разликуваат многу од претходните години, иако секако, варираат од место во место.

Валута евро

ХОТЕЛИ – 40-100 евра (соба за еден ден за едно лице)

АПАРТМАНИ – 35-50 евра (1 ноќ, зависно од бројот на лица и бројот на соби)

РУЧЕК ВО РЕСТОРАНИТЕ ЗА ДВЕ ЛИЦА – 20-50 евра

КАФЕ НА ПЛАЖА – 2-5 евра

ВОДА 1,5 л – 1,5 еврa

ЛЕБ – 0,70 – 1,20 евра

ЈОГУРТ – 2 – 4 евра

ПИВО – 3 – 5 евра

ТОПКА СЛАДОЛЕД – 1,5 евро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот