Албанија: 69-годишен маж со Ковид-19 се обиде да си го одземе животот скокајќи од болнички балкон

epa08281797 Albanian police stands behind a fence in the infected section in the center hospital in Tirana, Albania, 09 March 2020. Albanian authorities have secured the infection section and closed every social activities in the country after they discovered the first two cases of patients infected with Covid-19. EPA-EFE/Malton Dibra

Уште еден ковид пацент денеска се обиде да си го одземе животот фрлајќи се од балкон на болница во Тирана каде бил хоспиталзиран.

-Станува збор за 69-годишен маж од Фиер, кој една недела бил хоспитализиран во Инфективната клиника. Се фрлил од балкон од вториот кат од задниот дел на објектот, се здобил со тешки повреди на главата бидејќи паднал на бетонската патека. Лекарите се целосно ангажирани да му помогнат иако тој е во тешка состојба, информираа од полицијата и министертвото за здравство.

Неговиот син за медиумите изјави дека татко му немал никакви психички проблеми.

Ова е четврт ваков случај. Претходно тројца пациенти заразени од Ковид-19 се самоубија со фрлање од болничките балкони на „Шефќет Ндроќи” или ковид-два болница.

Првиот случај беше регистриран на 13 август, кога 29-годишно момче се самоуби со фрлање од третиот кат на оваа болница, вториот на втори септември, кога 65-годишен маж го заврши својот живот скокајќи од четвртиот кат и на први ноември кога 52-годишен маж си го одзеде животот фрлајќи се од четвртиот кат, каде се сместени потешките случаи. И во нивните болнички картони немаше податок дека имале какви било психички проблеми.

Нивните семејства обвинуваат за недоволна грижа и внимание од страна на здравствениот персонал, поради големиот број пациенти.

Во Тирана функцонираат три ковид болници, во кои се сместени 367 пациенти.

Извор: МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот