Албанија: 126 нови случаи со Ковид-19, починаа четири лица

Тирана, Албанија, 2020 / Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

И понатаму загрижува постојаното зголемување на пациентите на кои им е неопходно болничко лекување.

Во Албанија забележан е нов негативен рекорд на позитивни случаи со Ковид-19 во едно деноноќие, од почетокот на пандемијата, во почетокот на месец март.

Според Министерството за здравство и социјална заштита од направени 504 тестови во последното деноноќие регстрирани се 126 новозаразени,што е највиска бројка до сега. И понатаму Тирана останува главното жариште на болеста, каде од новозаразените дури 74 се токму од албанската метропола.

Во исто време во списокот на оздравени внесени се 45 пациенти, а починале четири лица.

И понатаму загрижува постојаното зголемување на лицата на кои им е неопходно болничко лекување. Во Инфективната клиника и болницата „ Шефќет Ндроќи” позната како болница Ковид 2, се третираат 112 пациенти од кои 26 во тешка здравствена состојба.

Во Албанија до сега направени се 38.682 тестови, позитивен резултат е добиен кај 4.763, битката со опасниот вирус ја добиле 2.682 а ја изгубиле 138 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот