Албанецот кој го уби грчкиот адвокат: Се родив убиец, убиец ќе умрам

Газета Експрес

Смирен, пушејќи пура или фокусиран во неговиот мобилен телефон и со слушалки на ушите. Вака бил фотографиран Албанецот Ибрахим Брахимај, кој е осуден на доживотна казна затвор за убиството на грчкиот адвокат, Михалис Зафеирополос.

Грчките медиуми ги објавиле неговите фотографии, додека тој позира од затворски кревет, пуши цигара и е со телефон на рацете, што е забрането за затворениците.

“Јас се родив убиец и ќе умрам како  убиец“, напишал Ибрахим Брахимај  на социјалните мрежи со лажен профил, јавуваат грчките медиуми пренесува Ексрпес.

Само пред една недела Апелациониот суд на Атина го осуди Брахимај на доживотна казна затвор за убиство и 11 години за два насилни грабежи.

Додека двајцата негови соработници,  Олди Дулче и Клодијан Лекоцја беа осудени на доживотен затвор за убиството на грчкиот адвокат.

Инаку, гркиот адвокат Михалис Зафеирополос беше убиен пред две години во неговата канцеларија во Атина. Албанските медиуми тогаш јавуваа дека како сторители на настанот грчките власти уапсиле група од осум Албанци и пет Грци, осомничени како дел на структурирана криминална банда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот