Албанец стануваш ако плаќаш

Топ Чанел

Албанската влада неодамна предложи нацрт-закон за начинот како да се добие албанското државјанство. Овој предлог-закон ги прошири можностите за добивање државјанство со уште две точки. Во интервју за медиумите, заменик-министерката за Внатрешни работи на Албанија, Ровена Вода, објасни кои се овие две точки.

– Го додадовме потеклото и раѓањето на албанската територија. По потекло разбираме дека поединецот мора да ги има своите предци до третиот степен со албанско потекло – рече Вода, пренесува Топ Чанел.
Децата родени надвор од Албанија, но чии родители имаат албанско државјанство, веќе автоматски го стекнуваат државјанството.

– На децата им е полесно да добијат државјанство ако двајцата родители имаат албанско државјанство – додаде заменик-министерката.

Новината на овој предлог-закон е дека Албанија ќе им даде албанско државјанство и на странските инвеститори, за сума што се очекува да биде висока, но која сè уште не е утврдена, ќе можат добијат албански пасош.

Според заменик-министерката Вода, ова ќе се направи за економски цели на Албанија, избегнувајќи ги сомнежите кои можат да бидат поврзани со незаконски активности на оние што ќе се здобијат со албанско државјанство.

– Ќе бидеме внимателни. Ќе направиме контрола на инвестицијата и ќе одржуваме стандарди за да немаме сомнежи за перење пари – рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот