Алба нема возачка, на тренинзи го вози татко му

twitter: FC Barcelona

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике беше гостин на ток шоуто „La Resistencia“ и на кое откри една занимливост поврзана со фудбалерите на првиот тим.

Водителот го праша Пике, како најмладата ѕвезда на екипата, 17-годишниот Ансу Фати доаѓа на тренинзите бидејќи и млад за да има возачка дозвола.

„Го вози татко му. Исто како и Жорди Алба“, одговори Пике и ја насмеа публиката во студиото.

Имено, шпанскиот репрезентативец Жорди Алба има 30 години, но не сака да полага за возачка дозвола и поради тоа на тренинзите и натпреварите го вози неговиот татко.
Алба е еден од најдобрите леви бекови на светот, а во Барселона дојде во 2012 година кога Валенсија го продаде за 14 милиони евра.

На Пике му се случи уште една интересна работа за време на емисијата. Тој ги демантираше написите дека некои од фудбалерите се подготвени да си заминат од „Камп Ноу“ и тоа во редовите на најголемите ривали, но кога доби прашање од публиката за елиминацијата од Ливерпул во ланското полуфинале од ЛШ, брзо одговори:
„Не, не, ќе си заминам. Реков дека не сакам да разговарам за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот