АЛАРМАНТНО: Згаснувањето на моќниот гигант ќе влијае на многу фирми од поранешна СФРЈ

фото: EPA, JALIL REZAYEE

Згаснувањето на производството во „Алуминиј“ се случи во ноќта помеѓу 9-ти и 10-ти јули, кога мостарската компанија е исклучена од снабдувањето со електрична енергија поради долгови.

Раководството на фабриката тогаш најави почеток на стечај.

Колапсот на мостарскиот индустриски гигант „Алуминиј“ има се повеќе импликации, како на економијата на Босна и Херцеговина, така и во Хрватска.

Па така се огласија и од пристаништето Плоче дека згаснувањето на производството во „Алуминиј“ значително ќе влијае на нивното работење, со оглед дека 50 проценти од нивните лански приходи биле поврзани со „Алуминиј“.

Пристаништето Плоче наведува дека во текот на четвртокот од мостарската компанија ги известиле дека повеќе не се во можност да ги исполнуваат договорените обврски. Појаснувајќи дека вкупната количина на претоварена стока од минатата година во пристаништето е поврзана со „Алуминиј“ и изнесува 233.000 тони.

„Алуминиј“ е најголемата компанија во Херцеговина со околу 900 работници и годишен промет од 320 милиони конвертабилни марки, односно 160 милиони евра. По 44 проценти удел во компанијата имаат Федерацијата БиХ и работниците, додека Хрватска е ко-сопственик со 12 проценти удел.

Од хрватската Влада истакнуваат дека министрите Здравко Мариќ и Дарко Хорват, се уште ги немаат сите релевантни информации за да можат да го коментираат случајот.

Но, затоа во Мостар работниците и граѓаните сметаат дека знаат кои се главни виновници за стечајот, па поради тоа протестирале пред зградата на ХДЗ во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот