Алармантно во Канада: Освен од ковид-19 смртни случаи и од предозирање

– Ковид-19 не е нашата единствена здравствена криза, рече Хенри.

Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, бројот на смртни случаи поврзани со предозирање со лекови во Канада е значително зголемен, покажуваат податоците објавени во земјата.

Јавен службеник во провинцијата Онтарио, задолжен за истражување на насилна или сомнителна смрт, процени дека бројот на предозирања се зголемил за 25 проценти во последните три месеци.

Во канадската провинција Британска Колумбија, бројот на смртни случаи предизвикани од предозирање се зголемил за дури 40 проценти во однос на истиот период минатата година.

Шефицата на Одделот за јавното здравје во Британска Колумбија, Бони Хенри, неодмна на прес-конференција рече дека бројот од 170 смртни случаи поврзани со предозирање во мај е поголем од бројот на смртни случаи од коронавирусот во таа провинција.

– Ковид-19 не е нашата единствена здравствена криза, рече Хенри.

Се проценува дека изолацијата, потешкиот пристап до институциите кои им помагаат на зависниците и здравствениот приоритет даден на Ковид-19 се причините за зголемувањето на предозирањата од почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот