АЛАРМАНТНО ВО ХРВАТСКА: Сава се изли во Загреб, траектите стопирани поради големи бранови (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

Зголемените налети на ветерот во средината Јадранот и во саботата навечер создаваа повеќе метарски бранови, така што сите линии на катамараните кои го поврзуваат Сплит со островите сè уште се во прекин.

– Ветерот достигнува брзина и до 80 километри на час во централниот јадрански регион, а во попладневните часови не пловеше линијата Сучурај – Дрвеник – вели Јелена Ивулиќ од агенцијата „Јадролинија“.

Таа додаде дека поради зголемените налети на ветерот, траектот на линијата Трогир – Дрвеник Мали – Дрвеник Вели, дури и не испловил.

Поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија Загреб во текот на поголемиот дел од седмицата, се зголеми водостојот на реката Сава.

Поројниот дожд во градот паѓа од синоќа, што предизвика голем број проблеми во сообраќајот, а според последните информации, реката Сава се излеала од коритото.

Nabujala Sava u Zagrebu: Za cijelu Hrvatsku izdano je crveno upozorenje

Nabujala Sava u Zagrebu: Za cijelu Hrvatsku izdano je crveno upozorenje Više na http://bit.ly/2qisiwVReporterka: Nikol Zagorac

Publiée par 24sata sur Samedi 16 novembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот