Алармантно во Хрватска: Голем број заразени со коронавирусот во училиштата

Ковид-19 коронавирус ученици училиште Хрватска Загреб
Фото: EPA-EFE/STRINGER

Секој ден во хрватските училишта има сѐ помалку ученици во училишните клупи и помалку наставници во одделенијата поради брзото темпо на ширење на коронавирусот што трае цела оваа недела.

Според Министерството за наука и образование, вчера 9158 ученици во Хрватска не дошле на училиште поради позитивен тест за ковид или мерка на самоизолација, а 1580 образовни работници останале дома од истите причини. Моментално позитивен тест имаат 6468 ученици и 1391 вработен, што е зголемување за 680 ученици за само еден ден и 95 вработени.

Ако на болните им се додадат и пациентите во самоизолација, за 24 часа од училишниот систем „испаднале” 1197 ученици и 113 наставници, јавија хрватските медиуми.

За брзината со која се шири коронавирусот во училишните клупи најдобро говори податокот дека од првиот ден од полугодието, за само четири дена, бројот на заразени ученици се зголемил за 2352, а бројот на ученици во самоизолација за 1700. Истовремено, за четири дена училишниот персонал има 401 новозаболен вработен и уште 71 вработен во самоизолација. Вкупно, од понеделник до четврток, бројот на оние кои морале да останат дома во училишниот систем поради ковид-19 е 4527 ученици и вработени.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот