Алармантно во Хрватска: Бројот на новозаразени двојно зголемен од претходниот ден – надмина 3.200

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Според денешниот пресек на епидемиолошката ситуација во Хрватска бројот на новозаразени со коронавирус е двојно зголемен во однос на претходниот (повеќе од 3.200), а епидемиологот Бернард Каиќ предупредува дека тоа е еднакво лошо како и на почетокот на вториот бран кон крајот на минатата година.

-Мислам дека затворањето на терасите е една од работите за кои ќе се разговара, рекол Каиќ за загребски Н1 тв.

За вакцината на „Астра-Зенека“, Каиќ укажува дека во Хрватска немало случаи на згрутување на крвта. Тој додаде дека моментално нема доволно податоци за да се менуваат препораките поврзани со оваа вакцина.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ синоќа изјави дека во Хрватска ќе продолжи вакцинацијата со таа вакцина и покрај најновото мислење од Европската агенција за лекови.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот