Алармантно: Словенечки епидемиолог предупреди на опасна практика на намерно заразување со коронавирус

Словенечкиот епидемиолог и шефица на советничката група за пандемија Матеја Логар денеска изјави дека е забележано оти во Словенија има се повеќе луѓе кои сакаат намерно да се заразат со коронавирусот со цел полесно да се движат и патуваат, поради фактот што се смета дека оние кои го преживеале вирусот имаат ист имунитет каков што се стекнува со вакцинација.

– Забележуваме тренд на зголемување на бројот на оние што сакаат да се заразат што е можно поскоро со цел да потврда што ќе им овозможи полесно патување и преминување на границите, што е опасна практика која никако не можеме да ја препорачаме, рече Логар на прес-конференција, пренесува телевизија Словенија.

Според неа, поради тоа се разгледуваат ограничувања, односно измени во правилата за патување, но исто така и можноста оние што го прележале коронавирусот да бидат избришани од списокот на лицата кои не мора да се тестираат при преминување на граница.

– Сè уште не знаеме многу за оваа болест. Непредвидлива е и може да има трајни последици. Не знаеме точно какви долгорочни последици има оваа болест, особено кај помладите пациенти, рече Логар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот