АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ОН: Бројот на бегалци во светот достигнал рекордни 70 милиони

Бројот на бегалци во светот достигна рекордни 70 милиони луѓе, соопштија Обединетите нации, додавајќи дека толкав број на бегалци не е забележан уште од Втората светска војна.

Во соопштението на германскиот огранок на УНХЦР, објавено пред Светскиот ден на хуманитарноста, се наведува дека луѓето бегаат од војните, прогонот и последиците од глобалното затоплување.

Хуманитарната организација СОС Детско село објави дека минатата година се убиени или повредени 12.000 деца. Се додава дека илјадници се киднапирани и станале деца војници, а стотици илјади имаат сериозни трауми.

Најголем број убиени или повредени деца се регистрирани во Авганистан (3.062), Сирија (1.854) и Јемен (1.698).

– Овие бројки веројатно се и многу поголеми, предупреди главниот психолог во СОС Детското село, Тереза Нгиги. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот