АЛАРМАНТНО: Никој нема да работи за мала плата!

Црна Гора има проблем со вработување на домашна работна сила во туризмот, што станува алармантно, затоа што без нејзин ангажман нема развој на овој сектор.

На тоа предупредува и деканот на Факултетот за бизнис и туризам во Будва, Раде Ратковиќ.

– Оваа година максимално ескалираше хроничниот проблем со недостатокот на услужната работна сила во туризмот и угостителството. Луѓето не сакаат да работат за оваа плата и постои можност да останеме без домашна работна сила – вели Ратковиќ.

Тој додава дека во Црна Гора платите се убедливо најниски, а должината на сезонската работа е најкратка на Медитеранот.

Ратковиќ смета дека ниту една дестинација не е одржлива доколку својот туризам го заснова на странски работници.

– Работниците се активен дел од понудата кој може да ја промовира и презентира земјата. Второ, ние немаме интерес како држава да имаме туризам во кој во доминатно не работат наши работници. Тие мораат апсолутно да доминираат, а не кај нас да доаѓаат, како што некои предлагаат, Филипинци, а нашите работници да заминат во друга земја. Се треба да се прилагоди на пазарот – соопшти Ратковиќ.

Тој предупреди дека дефицитот на работна сила би требало да биде знак за предупредување за сериозно да се разгледаат проблемите во туризмот и да се донесе програма за нивно решавање.

– Црна Гора не може да има одржлива економија без туризам, а туризамот не може да биде одржлив ако не е заснован на домашна работна сила и на доминантна понуда на домашни производи преку овој сектор – објаснува деканот на Универзитетот во Будва.

Тоа е, според неговите зборови, долгорочен проблем, поради кој би требало се да се промени од корен.

– Туристичките претприемачи не можат, во услови на постоечки степен на пополнетост и структурна побарувачка и канали на продажба, да обезбедат значително повисоки плати. Хотелите и другите угостителски објекти, имајќи ги во предвид нивните биланси на работење во изминативе три децении, немаат можност да ги зголемат платите на вработените – вели Ратковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот