Алармантно на Миконос: Дури 64 отсто од тестираните се позитивни на ковид-19

Туристи со заштитни маски во Грција
Туристи со заштитни маски во Грција / Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Стапката на позитивност, односно процентот на позитивни резултати од направените тестови и оваа седмица е висока на голем дел од грчките острови, над 40 отсто на Миконос, Парос, Санторини и Милос.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција за стапката на позитивност во периодот од 27 јуни до 3 јули 2022 година, на Миконос позитивни се 64,21 отсто од тестираните, на Милос 47,47 проценти, на Парос 46,44 отсто, на Санторини 41,39 отсто и 37,54 проценти во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Меѓу 20 и 30 отсто позитивни од направените тестови за ковид-19 има на островите Родос, Лимнос, Наксос, Хиос, Карпатос, Крф, Закинтос и Кос, во градовите Ханиа, Ретимнос и Ираклио на Крит, во центарот на Атина и во источниот дел на областа Атика.

Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 14,6 проценти, од вкупно 852.361 лабораториски тестови (ПЦР и рапд), наспроти 12,07 отсто пред една седмица.

Во изминатите 24 часа, во Грција се регистрирани 19 303 нови случаи на ковид-19 и 4061 веројатни реинфекции, починаа 20 лица, а 96 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.774.377 случаи на ковид-19, се проценува дека има 191 263 реинфекции што е 4,8 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а почина вкупно 30 371 лице.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопштија дека од петок статистиката поврзана со ковид-19 ќе се објавува еднаш седмично, а не секој ден како што беше пракса досега.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот