АЛАРМАНТНО: Климатските промени гасат 89 милиони работни места

Климатски промени / Фото: ЕПА

Сѐ поголемите горештини предизвикани од климатските промени би можеле да доведат до губење на околу 80 милиони работни емста до 2030 година.

Консултантската компанија „Мудис аналитикс” (Moody’s Analytics) анализира дека климатските промени ќе создадат штети врз економијата во светот за 69 билиони долари до 2100 година при зголемување на температурите за два степени Целзиусови.

Според експертите, при зголемена температура од 1,5 степени штетите ќе бидат 54 билиони долари. Повисоко ниво на зголемени температури означува и поголема штета, најавуваат од компанијата.

Во извештајот се додава дека зголемувањето на температурите ќе нанесе штети врз здравјето и продуктивноста на работниците и се почестите природни катастрофи ќе наштетат критично врз инфраструктурата – како врз куќи и бизнис згради.

„Мудис аналитикс” нагласуват дека „климатските промени не се нешто што се случува одеднаш туку стануваат се потешки во секоја измината година”. Најтешко погодена држава ќе биде Саудиска Арабија, чиј бруто домашен производ ќе се намали за повеќе од 10 отсто до 2048 година, поради намалената побарувачка на нафта и природен гас.

Од 12 најголеми економии во светот, Индија според предвидувањата ќе биде најпогодена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот