АЛАРМАНТНИ РЕЗУЛТАТИ: Годишно од загадување на воздухот во БиХ умираат 5.000 луѓе

Фото: Миа

Во Босна и Херцеговина, посебно во Сараево, Тузла, Зеница и Бања Лука, годишно 5.000 луѓе умираат поради загадување на воздухот, покажуваат податоците објавени во најновиот извештај „Загадување на воздухот и здравјето на луѓето: Случајот на Западен Балкан”.

Одделот за животна средина на ОН заклучи дека жителите на Западен Балкан во просек губат 1,3 години од својот живот поради загадување затоа што честичките од прав и чад се поврзани со кардиоваскуларни заболувања, што е петпати почесто од просекот.

Тие алармантни и предупредувачки податоци во БиХ се вести само за еден ден или два дена, јавуваат сараевски медиуми. Надлежните институции не ја вршат својата работа и се е оставено на статистиката.

Во Зеница, Лукавац и Тузла не е важно кое годишно време е, таму загадувањето на воздухот е постојано.  Тоа е последица на индустријата во тие градови. Во Зеница лани, наместо дозволените три дена, евидентирано е надминување на дозволените концентрации на сулфур диоксид во 124 денови наместо дозволените 3, а во 252 дена – пред пет години, нагласуваат сараевски медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот