Алармантна состојба во земјата-претседавач со ЕУ: Ковид-19 ги затвора училиштата и факултетите во Португалија

Фото: EPA-EFE/EDUARDO COSTA

Португалската Влада од денеска ги затвора сите училишни установи, со цел да не се влоши состојбата со пандемијата со ковид-19. Според последната блокада што почна минатата недела, сите услуги што не се од витално значење за животот на граѓаните се затворени и на луѓето им е наредено да останат во своите домови.

Владата во Лисабон е критикувана затоа што ги држи училиштата отворени, а родителите на учениците и средношколците упатија апел до владата да ги затвори училиштата.

Градинките, училиштата и факултетите ќе бидат затворени од денеска, со што околу два милиона ученици и студенти ќе останат во своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот