Алармантна состојба во САД: Над 63.000 новозаразени и 380 жртви од коронавирусот

Аризона, САД / Јуни 2020 / Фото: U.S. National Guard / Zuma Press / Profimedia

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска регистрира 63.195 нови случаи на коронавирус и 380 смртни случаи од ковид-19.

Вкупниот број на заразени во САД достигна 8.617.022.

Според ЦДЦ, вкупниот број на починати од ковид-19 се искачи на 224.601.

Во моментов во светот има 10.358.268 активни случаи. Лесни симптоми на болеста покажуваат 99 проценти од заразените или 10.280.049 лица, додека 78.219 пациенти се во критична состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот