Алармантна состојба: Изминатите 24 часа 6.638 лица позитивни на коронавирусот

Ковид болница. / Фото: EPA-EFE/MATTHIAS RIETSCHEL / POOL

Меркел предупреди дека може бројот на новиинфицирани да достигне 19.200 на ден доколку сегашниот тренд продолжи.

Германија соопшти за рекорден број нови случаи на заразени со новиот коронавурус – 6.638 за изминатите 24 часа.

Така, вкупниот број на заразени лица во земјата од почетокот на пандемијата достигна 341.223 лица, според податоците на институтот Роберт Кох. Претходниот дневен рекорд на Германија беше 6.294 новоинфицирани на 28 март.

Канцеларката Ангела Меркел ги повика германските покраини да преземат заеднички пристап за спречување на епидемијата на коронавирус. Бројот на смртни е зголемен за 33 на 9.710 лица.

Меркел предупреди дека може бројот на новиинфицирани да достигне 19.200 на ден доколку сегашниот тренд продолжи.

Таа нагласи дека од економска гледна точка, Германија не може да си дозволи ново затворање, како во првиот бран на епидемијата. Ситуацијата треба итно да се реши, изјави Меркел по состанокот со премиерите на сојузните држави, на кој беа договорени дополнителни мерки против ширењето на коронавирусот.

– Донесовме буџет кој предвидува нов долг од над 250 милијарди евра само за оваа година. Од оваа причина, не можеме да си дозволиме, вклучително и економски, втор бран како оној од пролетта со истите последици, рече Меркел, додавајќи дека не станува збор само за здравствениот систем.

Канцеларката истакна дека земјата е во критична фаза во борбата против Ковид-19 и однесувањето на луѓето во следните недели ќе биде клучно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот