Фото: Unsplash

Аларм во Словенија и Хрватска: Само едно од десет деца има добра моторика

Кога се гледа која било шема на моторно движење, од десет деца, три не можат да го изведат даденото движење, шест го изведуваат лошо, а само едно дете го изведува задоволително. Ова се резултатите од истражувањето презентирани денеска во Риека, со кое научниците од двете земји предупредуваат на лошата состојба со моториката на младите генерации во Хрватска и во Словенија.

Научната конференција ја организираше Центарот за детско истражување на Универзитетот во Риека, а презентирајќи ги резултатите од истражувањето, доц. д-р. Вилко Петриќ од Универзитетот во Риека изјави дека добиените резултати не се добри.

– Мерењата беа изведени од април минатата година, во петнаесет градинки во Риека, Загреб, Копер и Љубљана, а сето тоа во соработка со Кинезиолошкиот факултет, што овозможи сигурна дијагностика. Тоа што само едно од десет деца може да изведе моторна шема не е добро, бидејќи оние кои лошо го прават тоа му штетат на здравјето – кога нешто не се прави како што треба, има последици. Мора да работиме напорно на тоа. Во последните 60 години, моторните вештини на децата генерално се намалени за 52 проценти. Тоа значи дека денешната генерација деца е за половина помалку силна, побавна, помалку координирана и помалку прецизна отколку во 1960 година. Од година во година добиваме генерации со сè послаби моторни вештини, предупреди доц. д-р. Петриќ.

Споредувајќи ги моторичките способности на децата од хрватските и словенечките градови, Петриќ рече дека најзагрижувачка е функционалната асиметрија, што значи дека левата и десната страна на децата не се еднакви.

– Процентот на нееднаквост што се толерира е до 20 проценти. Сепак, Риека има отстапувања од близу 50 отсто, Загреб и Копер повеќе од 50 отсто, додека во Љубљана децата вклучени во студијата покажале отстапувања од близу 80 отсто. Поточно, тоа значи дека кога детето игра и трча, го менува правецот и игра некоја игра, разликата помеѓу левата и десната нога е преголема. Не може подеднакво да ги користи двете нозе. Тоа воопшто не е добро, бидејќи моторниот развој потоа не оди како што треба, нагласи Петриќ.

Причината за големата неусогласеност меѓу децата од Риека и Љубљана ќе се утврди само преку подетални анализи на резултатите од истражувањето, но доц. проф. Др. Петриќ предупреди дека споредено со прифатливото отстапување од 20 проценти во функционалната асиметрија, сите четири градови бележат значителни отстапувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот