Аларм во Атлетик Билбао: Шест лица позитивни на Ковид-19!

Шпанскиот фудбалски клуб објави дека шест членови на екипата се позитивни на коронавирус.

Тестовите открија шест позитивни случаи помеѓу членовите на нашиот клуб и помошните лица, а сите веќе се наоѓаат во самоизолација во своите домови и следната недела повторно ќе бидат тестирани.

Во рамките со протоколот на „Ла Лига“, тренинзите на првиот тим ќе се одвиваат индивидуално. Исто така, и сите оние членови на нашиот клуб кои беа негативни на последното тестирање ќе бидат повторно тестирани во петок – соопштија од Атлетик Билбао.

Еден од заразените е Ињаки Вилијамс. Претходно Барселона објави еден позитивен случај коронавирус, станува збор за Жан-Клер Тодибо.

А исто така во вторникот позитивни случаи пријавија уште Валенсија, Севиља, Мајорла и Еспањол, додека во понеделникот Атлетико Мадрид информираше дека заразени се Шиме Врсаљко и Анхел Кореа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот