АЛАРМ: На Инфективна примен пациент сомнителен за короновирус

Пациентот се врaтил од Милано денеска попладне.

Вечерва на Клиниката за инфективни болести е примен пациент со симптоми на грип кој се тестира за коронавирус. Пациентот доаѓа од Милано каде веќе има голем број на заболени од новиот тип на вирус.

– Ја информираме јавноста дека во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на коронавирус на едно лице со симптоми на грип. Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје – информираат од Министерството за здравство.

Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, а во моментов кај него се прават тестови согласно утврдениот протокол.

– Резултатите се очекуваат во следните два часа, за што веднаш ќе ја известиме јавноста – велат од ресорното министерство.

Оттаму велат дека ова е друг случај, а не истиот за кој вечерва се споделуваше информација на социјалните мрежи поред која во Клиничкиот центар има големо полициски обезбедување поради пациент со коронавирус. Оваа информација ја демантираше и министерот Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот