Алан Мерил, авторот на култната песна „I love rock ‘n’ roll“ почина од коронавирус

Фото: Профимедиа

Неговата ќерка Лаура ја потврди веста на социјалните мрежи, истакнувајќи дека немала прилика да се збогува со својот татко.

Познатиот рок пејач, Алан Мерил, кој стои зад култната песна „I love rock ‘n’ roll“, почина вчера во Њујорк на 70-годишна возраст, откако од претходно беше познато дека е заразен од коронавирус, пренесуваат американските медиуми.

Неговата ќерка Лаура ја потврди веста на социјалните мрежи, истакнувајќи дека немала прилика да се збогува со својот татко.

„Ми дадоа две минути да се збогувам со него… Шетав од куќата 50 блокови со надеж во моето срце. Градот што го познавав беше празен. Се чувствував како единствената личност таму и на многу начини и бев“, напиша Лора.

Лаура Мерил вели дека нејзиниот татко бил здрав пред да се зарази со коронавирусот. Пред две недели, таа била на негов концерт.

Музичарот најпрво помислил дека има обичен грип, но се покажало дека станува збор за коронавирус.

Алан стана познат по неговата песна „I Love Rock and Roll“, која ја напиша за  за бендот „The Arrows“. Тие ја снимија нумерата во 1975 година, а рок-пејачката Џоан Џет (61) ја прослави песната во 1982 година, откако нејзината изведба стана светски популарна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот