Алаѓозовски: Овој филм е лансиран во првата лига на светската документаристика

Сè е исто, вели Алаѓозовски, само што имаме подобро менаџирање во Агенцијата за филм. Секако, заробената држава и другите интереси не се веќе таму.

Честитки за историскиот успех на „Медена земја“, нема потреба од рационализација на ова што се случи или не се случи, сите опции беа на маса. Се разбира Академијата гласаше така како што гласаше, но за нас е голем успех што македонски филм се најде номиниран во две категории. Беа таму и одлично го направија тоа, рече во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТБ“, Роберт Алаѓозовски, поранешен министер за култура.

– Впрочем и самиот добитник на наградата документарен филм ги спомена „Медена земја“ и останатите и вели дека инспирацијата за нив како документарни автори дошла и од делото на нивните колеги. Така што овие актери, оваа филмска екипа, овој филм е лансиран во првата лига на светската документаристика, изјави во „Утрински брифинг“, Роберт Алаѓозовски, поранешен министер за култура.

Сè е исто, вели Алаѓозовски, само што имаме подобро менаџирање во Агенцијата за филм. Секако, заробената држава и другите интереси не се веќе таму.

– Горјан Тозија е човекот кој и ’95 со Милчо Манчевски влезе во трката за Оскар. Еве пред неговото пензионирање, одработи и се уште одработува неколку добри сезони во Агенцијата за филм. Значи начинот на кој што функционира оваа Агенција, критериумите, правилникот и начинот на работа, заедно со успешно менаџирање ги даде овие резултати. Значи во континуитет имаме неколку успешни филмски сезони- рече Алаѓозовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот