Алаѓозовски: 2.899 лица со нивелацијата на работни места во културата добиваат повисока плата

Како одговорна партија преку конкретни мерки и политики покажуваме што значи вистинска грижа за граѓаните. Ги унапредуваме столбовите на општеството и постојано вложуваме во подобрување на условите за вработените во секој сектор. СДСМ изврши нивелација по работни места по дејности во институциите од областа на културата, рече на прес-конференција Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ.

– Со Ребалансот на буџетот за 2019 година се зголемија средствата наменети за исплата на платите на вработените во установите од областа на културата за 146.321.000 денари, заради спроведување на процесот на нивелација на платите во установите од областа на културата или за 13,79 отсто во однос на одобрените средства за плати со Буџетот за 2019 година . При изработката на пресметката се утврди дека вкупниот број на лица кај кои би се јавило зголемување на платите изнесува 2.899 лица – рече Алаѓозовски.

Прочитајте и...  Нови 18 случаи на Ковид-19 во Кичево, оздравеле пет лица

Тој додаде дека Министерството за култура веќе извршило подобрување на состојбата со платите во установите од областа на библиотечната, заштитата, музејската и аудио визуелната дејност по основ на законски стекнатите стручни звања и распореденост на соодветни работни места.

– СДСМ ги исправа и децениските неправди кои беа нанесени од страна на расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Колективен договор за култура во нашата држава последен пат беше потпишан во 2005 година помеѓу СОНК- Самостоен синдикат за образование , наука и култура на РСМ и Министерството за култура. Во овој период исто така многу често биле доделувани бруто коефициенти за пресметка на плата на нововработени кои не биле во согласност со Колективнот договор, туку коефициентите биле носени субјективно, истото се постапувало и кај новоформираните институции од областа на културата, за нововработените лица. Разликата на платите меѓу носителите на дејности во различни установи достигнуваше 40-60 отсто – рече тој.

Прочитајте и...  Зибери: Опцијата за 4 смени со 20 минути час ќе биде главен елемент за ширење на вирусот

Алаѓозовски вели дека СДСМ подготови Нацрт на колективниот договор за вработените во културата, откако во претходниот период се одржаа повеќе средби и консултации со претставниците на синдикатите и на установите во културата за решавање на најургентните потреби и проблеми што произлегуваат од работниот однос на уметниците и другите вработени во културата.

Прочитај повеќе

Костадинов: Во тек се разговори и консултации за парламентарно мнозинство и владина коалиција

Слободен печат

Во Велика Британија драстичен пад на бројот на вработени

Слободен печат

Одлуки од владина седница: Усвоен планот на МОН за настава, НАТО вежба на Криволак, испраќање војници на воени вежби во Германија и Романија

Слободен печат

Според извршниот директор на „Њујорк Тајмс” печатените медиумите ќе згаснат за 20 години

Слободен печат

Со владина одлука дозволена е 75% исполнетост на капацитетите на меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз

Слободен печат

Трамп: После пандемијата се влошија односите со кинескиот претседател

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Русија во преговори со СЗО за можна проверка на руската вакцина против ковид-19

Слободен печат

Операција „Кловнови“: Уапсени девет лица во врска со екстремни злосторства во Словачка

Слободен печат

Нема промена од Грција за отворање на копнените граници

Слободен печат

Филипче: Ја чекаме дефинитивната листа на 24 имиња, суштински е различно дали станува збор за наши државјани или државјани на Косово

Слободен печат

Лавров: Русија спречи многу кибер напади од Германија

Слободен печат

Филипче: Став на Комисијата е онлајн-настава, освен за првачињата

Слободен печат