Алаба за уште посилна одбрана на „граѓаните“!?

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, сака да ангажира уште еден квалитетен играч за уште посилна одбрана. Шпанецот веќе потроши над 100 милиони фунти на Натан Аке и Рубен Диас, но желбата е да има уште еден лев бек.

Според британскиот „Телеграф“, на фудбалскиот пазар се следат ситуациите со Давид Алаба од Баерн Минхен и Николас Таљафико од Ајакс. Досега нема никакви најави за нов договор на Австриецот Алаба, со Баварците, а сегашниот му истекува на крајот на сезоната.

Ајакс не сака да се раздели со Аргентинецот Таљафико и мора да добие многу сериозна понуда за да го убеди раководството на клубот да ги смени плановите.

Неопходен услов на Сити да даде понуда за еден од двајцата е прво да го продаде Александар Зинченко.

Последните денови се шпекулира дека Украинецот дури и е понуден на Барселона. Но, роковите за овие трансфери се прекратки, бидејќи преодниот рок се затвора следниот понеделник, па Гвардиола можеби нема да може да ја постигне својата цел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот