Алаба промовиран во Реал Мадрид, ја зеде „четворката“ на Рамос

EPA-EFE/Dean Mouhtaropoulous
Австрискиот репрезентативец Давид Алаба денеска е официјално промовиран како нов член на Реал Мадрид.

Алаба на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна како слободен играч откако му истече договорот со Баерн Минхен каде помина дури 12 години. Австриецот со Реал Мадрид потпиша петгодишен договор, а ќе го носи дресот со број четири, кој до неодамна му припаѓаше на капитенот Серхио Рамос кој пак се пресели во ПСЖ.
– Им благодарам на сите за пријатниот пречек. Многу сум горд  благодарен што го задолжив дресот на Реал Мадрид и ќе дадам се од себе да имам успеси. Напред Мадрид – изјави Алаба.

Задоволството од доаѓањето на Алаба не го криеше ниту претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
– Му благодарам на Алаба што го избра Реал Мадрид. Доаѓа од Баерн Минхен, кој е пријателски клуб и во кој освои многу трофеи. За него ова е посебен ден, ќе мора да се соочи во возбудлив предизвик и да освои нови трофеи во Реал мадрид – рече Перез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот