Алаба потврди дека си заминува од Баерн: Сакам нови предизвици

EPA-EFE/Alexander Hassenstein

Австрискиот репрезентативец на крајот од сезоната како слободен играч си замунива од Баерн Минхен.

Веќе неколку месеци трае сагата на Давид Алаба околу неговата иднина, односно неизвесностите дали ќе си замине од Баерн Минхен на крајот од сезоната кога ќе му заврши договорот. Сега, самиот фудбалер ги прекина сите шпекулации и откри дека си заминува од европскиот и светски шампион.

Донесов одлука да пробам нешто ново по оваа сезона и да го напуштам Баерн. Ова беше тешка одлука, тука сум 13. години и имам премногу спомени. Не знам каде ќе продолжам во иднина, но сакам нови предизвици. Мојата кариера може да трае уште пет,шест или седум години и поради тоа одлучив да испробам нешто ново во кариерата. Не е никаква тајна дека моите менаџери се во контакт со неколку екипи, но јас останувам фокусиран на настапите во Баерн до крајот на сезоната – изјави Алаба на прес конферецијата и откри што беше пресудно да се одлучи на ваков чекор.

Многу фактори влијаеја, но за мене ова е чисто спортска одлука. Сакам нов предизвик, нешто што ќе ми овозможи да се развивам како личност. Конечната одлука ја донесов пред неколку недели.

Засега главен фаворит за иден клуб се смета Реал Мадрид, но можно е работите да се променат доколку Жоан Лапорта победи на претседателските избори во Барселона. Токму затоа, Алаба не сака да брза со одлуката за идниот клуб и таа ќе ја донесе на крајот од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот