Алаба доаѓа во Реал Мадрид како слободен играч, но не и бесплатно

epa08621009 David Alaba of FC Bayern celebrates with the trophy after winning the UEFA Champions League final between Paris Saint-Germain and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 23 August 2020. EPA-EFE/Miguel A. Lopes / POOL

Давид Алаба минатиот месец и официјално соопшти дека по завршување на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен по 13 години верност, бидејќи сака нови предизвици во кариерата.
Речиси сите релевантни медиуми во Европа, објави дека иако има понуди од речиси сите гиганти, Алаба го избрал Реал Мадрид. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Алаба ги има договорено сите детали, но сега „АБЦ Депортес“ открива каква е понудата на Реал Мадрид.


Австрискиот репрезентативец ќе потпише четиригодишен договор со кој ќе заработува 190.000 евра неделно, но исто така ќе добие и милионски бонус за потпис на договорот. Според „АБЦ Депортес“, Реал Мадрид ќе го „награди“ Алаба со дури 20 милиони евра само за потписот иако фудбалерот на „Сантијабо Бернабеу“ ќе пристигне како слободен играч.
Шпанските медиуми сметаат дека доаѓањето на Алаба ќе значи и крај за капитенот Серхио Рамос кој се уште не може да најде заеднички јазик со претседателот Флорентино Перез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот