Ал Пачино доживеа незгода: Се сопна и падна на црвениот тепих! (ФОТО)

Посебна точка имаше актерот Ал Пачино (78) кој пристигна со израелската колешка и пејачка Меитал Дохан (39) со која е во врска уште од септември минатата година.

Некогаш со себе носиш придружба за да не бидеш соло, некогаш за да те разубави, а понекогаш за да те дигне од подот, се пошегуваа обожавателите на друштвените мрежи после гафот на црвениот тепих на доделувањето на БАФТА наградите. Посебна точка имаше актерот Ал Пачино (78) кој пристигна со израелската колешка и пејачка Меитал Дохан (39) со која е во врска уште од септември минатата година.

Токму таа го „спаси“ кога тој се сопна на црвениот тепих, додека се качуваше по скалите и многу брзо заврши „на нос“. Двојно помладата девојка му пружи рака, а за помош се понудија и други колеги кои му помогнаа на актерот да се врати на нозе.

Profimedia

„Не е забавно доколку некој не се распадне на тепихот. Овој пат тоа беше Пачино“, коментираа обожавателите на друштвените мрежи.

Гласините за врската на Меитал и Пачино започнаа да кружат уште минатата година.

„Прво се трудеа нивната врска да остане многу приватна, но сега веќе не се трудат тоа да е тајна“, истакнал пријател на Пачино. Меитал е најпозната по улогата во хумористичната серија „Weeds“ и ја има напишано книгата „Love and other bad habits“. Таа исто така ја има објавено и песната „On Ya“ со пејачот Сеан Кингстон (28).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот