Ал-Келаифи: Нејмар и Мбапе никогаш нема да го напуштат ПСЖ!

EPA-EFE/Ian Langsdon

Париските „светци“ беа многу блиску до елиминација синоќа во Лигата на шампионите и доколку се случеше тоа можеби повторно ќе се зборуваше околу иднината на двете најголеми ѕвезди во клубот, Килијан Мбапе и Нејмар.

Но, финишот се покажа како среќен за ПСЖ кој успеа за три минути да направи целосен пресврт и преку Аталана обезбеди пласман во полуфиналето.

Сезонава Французите се надеваат дека ќе биде вистинската и дека конечно ќе се искачат на европскиот трон, а така мисли и првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи кој воедно зборуваше за Мбапе и Нејмар.

Веќе размислуваме на полуфиналето, горд сум на играчите. Не беше лесно после откако домашната лига беше суспендирана. Нејмар заедно со Мбапе се едни од најдобрите играчи на светот, тие никогаш нема да го напуштат ПСЖ – рече Ал-Келаифи за „РМЦ Спорт“ после натпреварот.

Последен пат оваа екипа беше меѓу најдобрите четири во ова натпреварување во сезоната 1994/95.

ЛШ: Аталанта го живееше сонот 90 минути, финишот среќен за ПСЖ! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот