Ал-Харири: Ќе зажалат оние кои ја слават пропаста на француската иницијатива за Либан

Саад ал Харири/ Фото: ЕПА

 Секој оној кој го слави неуспехот на француската иницијатива насочена кон тоа лидерите на различните фракции во Либан да формираат нова влада, ќе жалат што ја испуштија оваа можност, изјави денеска Саад ал-Харири, водечкиот либански политичар од редови на сунитските муслимани.

-Ние им кажуваме на оние кои денеска го поздравуваат неуспехот на иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе си ги гризаат прстите од жалење за неа, рече Ал-Харири, цитиран од британските медиуми.

Новоназначениот либански премиер, Мустафа Адиб, денеска поднесе оставка поради политичкиот ќор-сокак во формирањето на владата, само еден месец откако претседателот Аун го назначи на функцијата.

Американските медиуми проценуваат дека денешната објава на Адиб им задава удар на напорите на францускиот претседател Емануел Макрон за надминување на „опасниот застој” во оваа земја погодена од сериозна криза.

Макрон вршеше притисок врз либанските политичари да формираат влада составена од независни експерти кои можат да работат на итни реформи за извлекување на Либан од економската и финансиска криза, влошена од експлозија на пристаниште во Бејрут на 4 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот