„Ал Џазира“ ќе го тужи Израел пред Хашкиот суд за убиството на новинарката Абу Аклех

Палестина протест поради убиството на новинарката Ширин Абду Аклех/ Фото Abed Rahim Mohammed / AFP / Profimedia

Новинската мрежа Ал Џазира објави дека ќе поднесе тужба до Меѓународниот кривичен суд во Хаг за убиството на нејзината новинарка Ширин Абу Аклех за време на израелска рација на окупираниот Западен Брег.

Мрежата со седиште во Катар и палестинските власти ги обвинија израелските војници за намерно убиство на Абу Аклех на 11 мај во градот Џенин, а Израел ги отфрли обвинувањата како „очигледна лага”.

Израелските власти наведуваат дека новинарката била убиена за време на вооружен конфликт меѓу израелските војници и палестинските екстремисти и дека само со балистичка анализа на куршумот, кој го поседува палестинската управа, може да се утврди кој го испукал смртоносниот истрел. Ал Џезира синоќа соопшти дека формирала меѓународен правен тим за подготовка на документација која треба да ја достави до судот.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг минатата година започна истрага за потенцијални израелски воени злосторства на палестинските територии.

„Ал Џeзира“ го обвини Израел за убиството на нејзина новинарка на Западниот Брег

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот