„Ал Џeзира“ го обвини Израел за убиството на нејзина новинарка на Западниот Брег

Западен брег во Газа, Израел/ Фото: Архива на Слободен Печат

Ал Џезира“ го обвини Израел дека намерно убил еден од своите известувачи за време на престрелката меѓу израелските безбедносни сили и палестинските вооружени напаѓачи во окупираниот град Џенин на Западниот Брег.

Ширин Абу Аклех (51), палестинска Американка и еден од најпознатите новинари во арапскиот свет, која известуваше за конфликтот со децении, беше утрово застрелана во главата и однесена во болница во критична состојба. Таа покриваше воен напад во северниот град и блискиот бегалски камп, упориште на палестинското движење Фатах и ​​историски момент во израелско-палестинскиот конфликт.

Абу Аклех носела шлем и панцир со јасна ознака „прес“. Телевизиската мрежа со седиште во Катар соопшти дека нејзините колеги на местото на настанот рекле дека репортерката била застрелана од израелските сили.

„Ал Џезира“ ја повика меѓународната заедница да ги повика израелските сили одговорни за нивното „намерно таргетирање и убиство“ на Абу Аклех. „Во бесрамно убиство, кршејќи ги меѓународните закони и норми, израелските окупаторски сили ладнокрвно го убија дописникот на Ал Џезира во Палестина“, се вели во соопштението.

Шата Ханајша, новинарка на „Кудс њуз“ мрежата, која беше сведок на инцидентот, рече: „И јас можев директно да бидам застрелана. Дури и откако падна на земја, огнот не престана и никој од нас не успеа да стигне до неа. Еден дечко конечно успеа да стигне до нас; ми помогна и почна да ја влече.

„Ние бевме група која носеше прес опрема, а Ширин дури носеше и кацига. Значи, очигледно е дека однапред било испланирано нејзиното убиство. Ова е атентат“.

Во соопштението на израелската војска се вели дека нивните војници возвратиле откако биле под „масовен оган“ во Џенин и дека „постои можност, која сега се истражува, новинарите да бидат погодени – можеби од истрели од палестински вооружени лица“.

Луѓето во кампот Џенин „исто така фрлаа експлозивни направи кон војниците, загрозувајќи ги нивните животи. Војниците одговорија со оган“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет изјави дека има „значителна шанса вооружените Палестинци, кои диво пукале, да бидат тие што ја донеле несреќната смрт на новинарката“.

Том Нидес, американскиот амбасадор во Израел, повика на темелна истрага.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот