Ал Ахли му нуди договор на Алиоски и годишна заработка од 1,5 милион евра

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Веднаш по завршувањето на минатата сезона Езџан Алиоски официјално се раздели со Лидс и летово е во потрага по нов клуб.

Турските клубови како Галатасарај, Фенербахче и Трабзонспор се поврзуваа со македонскиот репрезентативец барем како што објавуваа досега тамошните медиуми.

Денеска уште една шпекулација се врти околу иднината на Алиоски, односно според Педро Алмеида, известувач за трансфери, Ал-Ахли од Саудиска Арабија е во преговори со Македонецот кој е слободен агент.

– Ал Ахли му нуди договор на две години на Алиоски со годишна заработка од 1,5 милион евра и бонус за потписот околу еден милиони евра. Двете страни се во напредни преговори – напиша Алмеида кој воедно известува дека Ал Ахли претходно ги обезбеди услугите на Паулињо.

Нашиот играч пред да се пресели во Англија настапуваше за Јанг Бокс У23, Шафхаузен и Лугано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот