Акумулациите се полнат, РЕК Битола стабилно произведува струја

РЕК Битола / Фото Архива на Слободен печат

Исполнетоста на акумулациите со кои управува АД ЕСМ на 1 јануари беше на ниво од 6 проценти, за на 12 јануари да е 12 проценти, или од 35 GWh на 1 јануари сега имаме 70 GWh акумулирана енергија во акумулациите, со тренд на дневно зголемување од 2 проценти, што дава можност за постепено поголемо ангажирање на хидроелектраните за производство на електрична енергија, велат за „Слободен печат“ од АД ЕЛЕМ.

– Во октомври, ноември и декември 2020г, АД ЕСМ набави 135,49 GWh електрична енергија, со цел целосно исполнување на договорот со Универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ, по одлуката донесена по насока на Владата за запирање на приоизводството од хидроцентралите поради лошата хидролошка година. Во 2021 година не се врши набавка на електрична енергија – информираат од АД ЕЛЕМ.

Во моментов нема поплави во рудниците, од кои РЕК Битола се снабдува со јаглен, но обилните врнежи значително ги отежнуваат условите за работа. Сепак, АД ЕСМ и РЕК Битола со сопствени ресурси ја санираат состојбата и се вложуваат сите напори да се задржи стабилно производството на електрична енергија од РЕК Битола, додаваат од АД ЕЛЕМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот