Актуелно: Експанзија на визуелната уметност

Бранот филмски фестивали продолжува, но изминатите неколку денови беа отворени и повеќе изложби на фотографии, скулптури, карикатури и цртежи. Во Музејот на современата уметност на 1 октомври беше отворена изложбата „Таму“ на улични фотографии на Милчо Манчевски, во галеријата на Младинскиот културен центар беше поставена изложба на Димитар Младеновски, а од 1 октомври во КИЦ е поставена изложбата на скулптури на Андреј Митевски.

Фотографии на Илина Арсова во МКЦ

Во горната галерија на МКЦ се поставени дела од Илина Арсова. Галеријата „Остен“ од први до 10 октомври слави 75 години „Остен“ со изложба на Биеналето на цртеж Скопје 2020 и наградени автори во Чифте амам при Националната галерија, додека во својата галерија ги презентира 52. Светска галерија на карикатури и графички дизајн со еволуцијата на брендот „Остен“.

(Текстот е објавен како вовед кон „Културен печат“ број 51, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 3-4 октомври 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот