Актуелниот шампион Медведев лесно до второто коло на „УС Опен“

Данил Медведев ја брани титулата на „УС Опен“/Њујорк, САД/29 август 2022/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Данил Медведев се пласираше во второто коло на овогодинешниот грен слем турнир „УС Опен“ во Њујорк, САД.

Рускиот тенисер за неполни два часа го совлада домашниот натпреварувач Стефан Козлов со 3:0 во сетови 6:2, 6:4, 6:0.

Актуелниот шампион и најдобар тенисер во втората рунда ќе игра против Артур Риндеркнех од Франција кој го елиминираше својот сонародник Квентин Халис.

Британецот Енди Мареј сигурно стартуваше со победа од 3:0 против 24 носител на турнирот Франциско Серундоло од Аргентина, а поразен е 16 носител Роберто Баутиста-Агут (Шпанија) од Американецот Џефри Џон Волф (кој игра со „вајлд-кард) трипати со 6:4.

„УС Опен 2022“

Резултати, мажи:

Корда – Багнис 3:1
Милман – Нава 2:3
Нишиока – Давидович Фокина 0:3
Пол – Запата Мираљес 3:2
Женг – Ван Ријтховен 2:3
Табило – Мајхшак 3:1
Едмундд – Руд 0:3
Јари – Беретини 0:3
Ву – Басилашвили 3:0

Резултати, жени:

Ли – Осорио 1:2
Кудерметова – Векиќ 2:0
Марија – Сакари 1:2
Петерсон – Калинскаја 0:2
Рахимова – Гарсија 0:2
Риске – Ју 2:0
Тан – Андреску 1:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот