Актуелниот фудбалски шампион во Кина прогласи банкрот!

Фото: EPA/DAVID MARIUZ

Актуелниот кинески шампион Џиангсу Сунинг најпрво го избриша овој втор дел од името, а потоа објави дека згаснува. Прогласен е банкрот во еден од најзначајните кинески клубови.

– Сунинг го напушти кинескиот фудбал. Поради соочување со многу детали околу кои нема контрола, Џиангсу повеќе не може да дава гаранции за континуитет, Џиангсу престанува да постои. Работата на клубот ќе престане да функционира – се наведува во соопштението.

Лани Џиангсу ја освои првата титула во историјата на клубот, а во овој момент покрај бонусот за освојување на тој трофеј, на играчите им должи најмалку три плати од претходната сезона.

Прашањето е како ќе се решат овие проблеми затоа што клубот практично престанува да постои. Покрај првиот тим ќе бидат згаснати и сите помлади категории, како и женскиот дел од клубот.

Големи проблеми во функционирањето би можел да има и милански Интер кој исто така е во сопственост на „Сунинг“. Поради големите финансиски проблеми во кои се наоѓа италијанскиот тим, итно им треба силна финансиска инјекција. И тоа за покривање на тековните трошоци, заостанатите плати на вработените во клубот и трансферите што се веќе направени, но не се исплатени.

Кинезите ќе го загубат Интер поради 400 милиони евра ?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот