Актуелната владејачка партија во Полска останува на власт уште четири години

Собрание, Полска / Фото: Принтскрин

На парламентарните избори во Полска, одржани во неделата, актуелната владејачка партија, Право и Правда (ПиС), го освои мнозинството гласови, со што таа   ќе може самостојно да владее и во наредните четири години.

Меѓутоа, партијата го изгуби мнозинството во Горниот дом на парламентот, Сенатот.

Демократската левичарска унија се враќа во Сејмот, долниот дом на парламентот. Таа доби 12,5 отсто од гласовите.

Во Сејмот ќе се најдат и членовите на Селанската полска народна партија со антисемитското движење Кукиз ‘15 со поддршка од 8,6 отсто од гласовите.

Се очекува ПиС да освои 239 од 460 места во Сејмот, Граѓанската коалиција 131, Левицата 46, ПСЛ и Кукиз 30, Конфедерацијата 13, а германското малцинство да добие едно место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот