Активни 12 893 случаи со ковид-19, средношколците од Тетово и Гостивар до 20 септември ќе следат онлајн настава

Амбулантно возило / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 184 277, бројката на оздравени пациенти е 165 077, на починати 6307, а бројот на активни случаи изнесува 12 893. Поради состојбата со епидемијата Владата одлучи наместо до 14 септември во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата да се одвива онлајн до 20 септември.

Владата на вчерашната 106. седница донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука.

Од Министерството за здравство соопштија дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Според последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 761 579 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 2728 граѓани, а вкупно се вакцинирале 15 424. Во државата вкупно се аплицирани 1 397 773 дози вакцини, а ревакцинирани се 636 193 граѓани.

Со последните бројки, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со една доза.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, нагласуваат од МЗ.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот