АКТИВИСТИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА ПРЕДУПРЕДУВААТ: Целје е новиот Чернобил!

Фото: Википедиа

Претставниците на неколку невладини организации од словенечникот град Целје предупредија на зголемените нивоа на тешки метали во градот и околината, а поради уште неколку еколошки проблеми, тоа место го опишаа како „словенечкиот Чернобил“, објави српски „Курир“.

Претставниците на невладините велат дека резултатите од анализите покажале оти прашината во Целје содржи 100 пати повеќе кадмиум и 50 пати повеќе други загадувачи од дозволеното, од кои голем дел се канцерогени, пренесува „СТА“.

Загадувањето од хемискиот елемент кадмиум, како што рекоа тие, е поради работата на хемиските компании, односно од фабриката за цинк во градот Целје.

Активистите сметаат дека не постои друга област во Европа која е толку загадена како оваа во Целје и повикаа на сеопфатен пристап кон тој проблем.

Еден од големите проблем во овој словенечки град претставува и загаденото земјиште во училиштата и градинките, иако некое време се работи на чистење на загадените области.

Според пишувањата на тамошните медиуми, во план е до крајот на годината да се исчистат пет детски игралишта и пет во 2020 година, а во тој проект се вложени околу еден милион евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот