Активистите во Мјанмар повикуваат на граѓанска непослушност

Националната лига за демократија (НЛД), на притворената лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Чи, денеска побара од армијата, која ја презеде контролата во земјата, ослободување на Аунг и признавање на изборната победа на НЛД на изборите што се одржаа во ноември минатата година.

Еден ден по апсењето на Аунг се уште не е позната локацијата каде се наоѓа, а висок претставник на НЛД изјави дека таа е во добра здравствена состојба.

Според неименувани извори од НЛД, претседателот на Мјанмар Вин Мјин и Аунг се во куќен притвор, како и околу 400 други функционери и членови на Парламентот.

Државен удар во Мјанмар: Војската ја презеде власта, уапсени претседателот и премиерката

На улиците во Најпјитав и во Јангон денеска е мирно, а безбедносните сили се распоредени на главните точки. Повторно се воспоставени телекомуникациските врски, но меѓународниот аеродром во Јангон останува затворен.

Разни активистички групи, меѓу кои и најголемата „Младинска мрежа на Јангон” денеска објавија голем број пораки испратени на социјалните мрежи со кои се повикува на граѓанска непослушност.

Претседателот на САД, Џо Бајден вчера, по  воениот удар се закани со нови санкции кон Мјанмар. Воениот удар и апсењето на голем број владини претставници го осудија и Австралија, Индија, Европска Унија, Јапонија и Велика Британија, додека Кина соопшти оти ја следи ситуацијата и побара сите страни да го почитуваат Уставот.

Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итен состанок поради новонастаната ситуација во Мјанмар.

Советот за безбедност на ОН ќе одржи вонредна седница поради ситуацијата во Мјанмар

Армијата на Мјанмар вчера прогласи вонредна состојба, ја презеде власта и соопшти дека уапсила високи владини функционери, меѓу кои и Аунг, поради наводни измами на минатогодинешните избори. Власта во Мјанмар му е предадена на командантот на вооружените сили, генерал Мун Аунг Хлаинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот