Активисти за човекови поднесоа тужба против Трамп

Протест близу Белата куќа EPA-EFE/SHAWN THEW

Тужбата е поднесена поради грубата интервенција на безбедносните сили против мирните и ненасилни демонстрации минатиот понеделник, со цел да му се овозможи на претседателот Трамп да се слика за медиумите во портата на историската црква Свети Јован недалеку од Белата куќа.

Американската унија за човекови права и многу други организации поднесоа тужба против американскиот претседател Доналд Трамп, врховниот државен обвинител Вилијам Бар и други високи функционери на администрацијата, за навреда и интервенција против мирни демонстранти во близина на Белата куќа минатиот понеделник, објави лондонски „Гардијан”.

На тужбата и се приклучија, меѓу другите, и Вашингтонскиот комитет на адвокати за човекови права, Комитетот на правници за граѓански права и закони и адвокатската фирма Арнолд и Портер.

Тужбата е поднесена поради грубата интервенција на безбедносните сили против мирните и ненасилни демонстрации минатиот понеделник, со цел да му се овозможи на претседателот Трамп да се слика за медиумите во портата на историската црква Свети Јован недалеку од Белата куќа.

Судската постапка е поднесена во федералниот суд во Вашингтон, а подносителите посочуваат дека Трамп, заедно со другите функционери во администрацијата, ги „прекршил правата на демонстрантите кои се загарантирани со уставот, впуштајќи се во… незаконски заговор со цел кршење на наведените уставно загарантирани права”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот