Активисти втор ден го блокираат патот до рудникот Иловица (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Денеска во пет часот сабајле, на падините на планината Огражден група активисти со жив ѕид и моторни возила го блокираа патот до рудникот Иловица.

“Ова е прва од ваквите блокади и ги предупредуваме Еуромакс да ја разберат пораката, а посебно испраќаме порака до Влада на Република Северна Македонија во најскоро време да го донесе потребното решение и согласно законите да биде одземена концесијата за рудникот на смртта.“, соопштија од здружението „Здрава Котлина“ на Фејсбук.

video-1560761923

БЛОКАДАПочитувани сограѓани,Денес во 05:00 на падините на планината Огражден група активисти со жив ѕид и моторни возила го блокираше патот до рудникот на смртта Иловица-Штука. Со ова започнува нова фаза од нашата борба со употреба на жив ѕид и блокадите на сите теренски активности на концесионерот кој веќе 3 годнини оперира со истечена концесија. Вчера на собир на граѓани во Иловица се донесе решение за блокада и денес ја спроведуваме.Сабајле во 05:30 конвојот од археолози и работници на Еуромакс Ресурси беше запрен за кратко време се повлекоа назад.Денес го споведуваме во дело она што подолго време го зборувавме и за кое предупредувавме дека нема да дозволиме никому, по ниту една цена, никогаш да има рудник над нашите глави.Ова е прва од ваквите блокади и ги предупредуваме Еуромакс да ја разберат пораката, а посебно испраќаме порака до Влада на Република Северна Македонија во најскоро време да го донесе потребното решение и согласно законите да биде одземена концесијата за рудникот на смртта.Во прилог е видео од денешната блокада.

Publiée par Здрава Котлина sur Lundi 17 juin 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот