Активисти на Гринпис блокираа влез на грчки танкер со руска нафта во Англија

Танкер илустрација/ Фото: EPA-EFE/HAFNIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Активисти на Гринпис го блокираа влезот за грчки танкер во пристаниште на југот на Англија поради товарот со руско гориво, соопштија денеска организацијата, пишува Ројтерс.

Гринпис соопшти дека 12 активисти вчеравечер го зазеле пристаништето на локацијата на терминалот Навигатор, на Темза, во Есекс, каде што се очекувало танкер Андромеда со нафтени деривати, под грчко знаме, да го истовари својот руски товар, пренесуваат британските медиуми.

Полицијата во Есекс денеска соопшти дека доцна синоќа биле повикани полицајци на навигацискиот терминал.

„Досега се уапсени осум лица осомничени за тежок напад на имот, а ние со нашите партнери работиме на тоа да однесеме што поголем број други на безбедно”, се наведува во соопштението.

Во последниве недели, голем број бродови со руски товар го сменија курсот на пловење, особено по протестите во пристаништата во Обединетото кралство и ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот