Активисти кои шпионирале за САД осудени на затворски казни во Иран

Архива

Двајца активисти, од кои едниот има и британско и американско државјанство, добија по 10 години затвор и наредено им е да ги вратат парите што наводно ги добиле од американската Влада за своите услуги.

Иран осуди осум активисти за заштита на животната средина, меѓу кои и Иранец, кој има британско и американско државјанство, на затворски казни од четири до 10 години под обвинение дека шпионирале за САД и дејствувале против иранската национална безбедност.

Според портпаролот на правосудството Големхосеин Есмаили, Апелацискиот суд донел конечна пресуда.

Двајца активисти, од кои едниот има и британско и американско државјанство, добија по 10 години затвор и наредено им е да ги вратат парите што наводно ги добиле од американската Влада за своите услуги.

Други двајца активисти се осудени на осум години затвор поради наводна соработка со непријателската Влада на САД.

Тројца активисти се осудени на шест години затвор, а само еден доби четири години.

Сите активисти се уапсени на почетокот од 2018 година.

Деветтиот активист кој исто така беше уапсен, а имаше иранско и канадско државјанство почина во притвор под сомнителни околности во февруари 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот